• ул. Борис Трајковски 4 бр. 29 б
  • 02 270 00 70; 072 700 070

ЗА КОМПАНИЈАТА

Краток историјат

 za-nas

NOVUS – USA е Американска компанија за поправка на оштетени ветробрански стакла и лидер во светот по патентирани изуми за поправка на предни ветробрански стакла. Формирана е од страна на Д-р Франк Вернер (Dr. Frank Werner) 1972 год кој го патентира својте изум истражувајки  заедно со соработникот хемискиот инжиниер Били Вајл (Bill Wiele) го формираат NOVUS во Минесота – Америка.

 

Новус - Македонија е основан во Скопје 1989 год и е лидер во автомобилскиот сектор, со главен фокус на сервис и поправка на возила, како и продажба и монтажа на дополнителна автомобилска опрема.

 

Новус располага со сопствен сервисен простор со површина од 2.500 м²: управна зграда; деловен простор за поправка и сервисирање на возила од 1200 м²; (слободен) паркинг простор од 1.300 м².

 

Во далечната 1989, Новус ги постави своите темели со поправка на оштетени предни ветробрански стакла, користејки оригинална NOVUS-американска технологија, чии претставници сме сеуште; како и замена на стакла на возила, користејки ги лепаците на високо реномираните компании, како што се: DOW и Teroson кои припаѓаат на  конгломератите DOW Automotive and Henkel AG&Co.

 

Денес, благодарение на нашето долгогодишно искуство, професионалност, посветеност и ефикасност, Новус располага со голем број на верни клиенти и соработници, не само во Македонија, но и во целиот регион и пошироко.

 

Имаме соработка со водечките светски брендови: Alpine, Pioneer Clarion, Sony, Calearo, Cobra , Valeo за аудио опрема, аларми, паркинг сензори и додатна козметика. За авто стакла соработуваме со лидерите во овој сектор: AGC, GUARDIAN, SECURIT SAINT GOBAIN, NORDGLASS, PILKINGTON. Најквалитетна клима фолија за објекти и возила од ASWF - Америка и  HAVERKAMP - Германија

 

Новус врши и лимариски поправки и фарбање на возила. Сервисот располага со сопствена машина  за извлекување на оштетени возила од Шведскиот производител CAR-O-TRONIC и AUTOROBOT од Финска, комора за фарбање од Италијанскиот производител Termomeccanica, машина за заварување и пунктирање FAN multi-worker и PROTON Е од Австрија.

 

Меѓу другото, имаме одличен рејтинг и соработка со сите сигурителни компании во Македонија.

 

Главните фактори за нашиот досегашен успех се: константа ажурираност со најновите светски трендови; работа само со квалитетни машини, алати и апарати за дијагностика на автомобилите и постојаната инвестиција во нашите вработени со едукативни и практични обуки организирани од производителите со кој соработуваме.

 

Нашето искуство и професионална услуга која ја даваме на нашите клиенти ја изградија нашата добра репутација, која гарантира успех во работењето.

Новус Трејд
ул. Борис Трајковски 4 бр. 29 б
(поранешна Провмајска ББ)
1000 Скопје, Македонија
info@novus.com.mk
+389 70 337 300 | +389  72 700 070
+389 2 3132 132 | +389  2 270 00 70



Следете не