Novus | Boris Trajkovski 4, Skopje, Macedonia (FYROM)

Промена на предно ветробранско стакло

Верувале или не, дури и при најмали судари или кочење, постои голема можност вие или совозачот поради инерцијата да се удрите во предното ветробранско стакло (доколку не сте врзани со сигуроносниот ремен). Често, поради неквалитетно и неоригинално стакло, повредите се големи, па дури и фатални.

Оригиналните автостакла имаат специјална конструкција. Се состојат од две тенки идентични стакла, споени во "сендвич" со специјална материја која се вика PVB (Polyvinil Bytural). И стаклото како и PVB-то мораат да ги исполнуваат светските стандарди за квалитет, инаку, последиците можат да бидат фатални.

30 годишното искуство на експертскот тим на  Новус трејд (1989год.) е секогаш тука за вас, да го избере најдоброто и се грижи за вашата безбедност и секогаш ви помага да добиете стакла од брендиран и оригинален производител.

ВАЖНО!!! Помали оштетувања на ветробранското стакло успешно се поправаат до степен на НЕВИДЛИВОСТ! Повеќе информации можете да добиете доколку се јавите кај нашите техничари на следните тел. 02/270.00.70 и 070/26.77.86

Нашиот сервис е опремен по најсовремени стандарди. Персоналот е високо стручно едуциран и спремен да даде се од себе за да ја подобри вашата сигурност.

Во склоп на Новус трејд се наоѓа централен магацин за автостакла.Повеќето од моделите на автостакла ги имаме на лагер. Обезбедуваме професионален алат и врвни материјали за монтажа. Секако, Новус ќе соработува со вас и доколку се интересирате за некоја од другите гранки на нашето работење

This site was designed with the
.com
website builder. Create your website today.
Start Now