Novus | Boris Trajkovski 4, Skopje, Macedonia (FYROM)

Автостакла

ПРЕДНО ЛАМИНИРАНО ВЕТРОБРАНСКО СТАКЛО (ШОФЕРШАЈБНИ)

     Светските произодители на автомобили склучија договори со најголемите светски производители на автомобилски стакла и лидери во производство на FLOAT стакло, за ОЕМ(original equipment manufacturer) производство на предни ветробрански стакла, задни стакла, странични стакла, стакла со греачи, антени, алармни сензори, камери, сензори за дожд и останатите спецификациии потребни за правилно функционирање на автомобилот и компјутерскиот систем кој се раководи од овие сензори вградени во стаклата, со лого на производителот на автомобили (покрај логото на производителот на стаклата) како дополнителна ознака за оригиналност на брендот

      Ние во НОВУС веќе 30 години се раководиме по истиот пат за оригиналност и квалитет, набавувајки стакла од истите брендови и производители на автостакла со исти карактеристики, перформанси и сензори, но без ознака на брендот на автомобилот која ознака им припаѓа исклучиво на овластените производители на автомобили и нивните брендирани увозници и дилери.

ПРЕДНО ВЕТРОБРАНСКО СТАКЛО

     

     Предното ветробранско стакло е направено за да ги заштити возачот и патниците од надворешните влијанија и да се подобри аеродинамиката на возилото.

Со новите технилогии на производство, предните ветробрански стакла се прават од ламинирано сигуроносно стакло, кое е составено од две посебно обликувани стакла споени со заштитна PVB (PolyVinyl Butyral) фолија која ги задржува залепени и при кршење не дозволува да се одвојат парчиња стакло, кој би можеле да нанесат повреди на возачот и патниците, а исто така ги заштитуваат и од штетното UV и Инфра црвено зрачење.

 

Во првите автомобили било вградувано стакло кое не било ламинирано (едноделно-калено) и при сообраќајни незгоди доаѓало до големи и тешки повреди на возачот и на патниците.

Ламинираното стакло во 1903 година, францускиот хемичар Edouard Benedictus го открил сосема случајно при лабараториски инцидент кога парче стакло што било залепено со пластика (cellulose nitrate) по падот се скршило во ситни парчиња но стакленцата не се одвоиле и распрснале на страна од пластиката.

Benedictus почнал да произведува композитен материјал од стакло-пластика за да ги намали повредите при сообраќајните незгоди. Од страна на авто-производителите не била веднаш прифатена оваа технологија, туку најпрво се користело како заштита за очите на гас маските, кои се употребувале во Првата Светска војна.

Предното ламинирано ветробранско стакло е вклучено во производство на возила од страна на Хенри Форд (Henry Ford) во 1919 година по опсежните испитувања за предноста на ламинираното стакло. Од 1919 до 1929 Форд наредил да се употребуваат ламинирани стакла на сите "Ford" возила.

Лидери во производството на стакло се четирите компании:

  • AGC

  • Securit Saint-Gobain

  • Pilkinton

  • Guardian и  

  • NSG Group

Тие учествуваа со 80% во производството на предни ламинирани ветробрански стакла кои се употребуваат во прво вградување на ново произведените возила во светот- ОЕ (Original Equipment).
Од 1939 година се користат 56.000 м2 од ламинирано сигуроносно стакло ("Indestructo" safety glass) годишно во сите возила за производство на ветробрански стакла за сите возила произведени во Ford Motor Company. 

DuPont Polyvinyl Butyral (PVB)– најголем производител на PVB термопластична фолија.

Ламинираното стакло во Европа е употербувано најпрво од страна на Јагуар (Jaguar) и Порше (Porsche).
Најновите технологии за производство на ламинирано стакло вклучуваат НАНО технологија и имаат поголема UV и IR заштита, подобра видливост и овозможуваат поставувањето на греачи, антени за навигација и радиоприем во процесот на производство на ламинирано ветробранско стакло.
Производството на рамно флат стакло во 2010 година  изнесувало околу 55 милиони тони или околу 24 милијарди евра, од кои 10% припаѓаат на производството на предни ветробрански стакла.

ПРОМЕНА НА ШОФЕРШАЈБНИ

     Верувале или не, дури и при најмали судари или кочење, постои голема можност вие или совозачот поради инерцијата да се удрите во предното ветробранско стакло (доколку не сте врзани со сигуроносниот ремен). Често, поради неквалитетно и неоригинално стакло, повредите се големи, па дури и фатални.

Оригиналните автостакла имаат специјална конструкција. Се состојат од две тенки идентични стакла, споени во "сендвич" со специјална материја која се вика PVB (Polyvinil Bytural). И стаклото како и PVB-то мораат да ги исполнуваат светските стандарди за квалитет, инаку, последиците можат да бидат фатални.

30 годишното искуство на експертскот тим на Новус трејд (1989 год.) е секогаш тука за вас, да го избере најдоброто и се грижи за вашата безбедност и секогаш ви помага да добиете стакла од брендиран и оригинален производител.

ВАЖНО!!! Помали оштетувања на ветробранското стакло успешно се поправаат до степен на НЕВИДЛИВОСТ! Повеќе информации можете да добиете доколку се јавите кај нашите техничари на следните тел. 02/270.00.70 и 070/26.77.86

Нашиот сервис е опремен по најсовремени стандарди. Персоналот е високо стручно едуциран и спремен да даде се од себе за да ја подобри вашата сигурност.

Во склоп на Новус трејд се наоѓа централен магацин за автостакла. Повеќето од моделите на автостакла ги имаме на лагер. Обезбедуваме професионален алат и врвни материјали за монтажа. Секако, Новус ќе соработува со вас и доколку се интересирате за некоја од другите гранки на нашето работење.

ПОПРАВКА НА ОШТЕТЕНИ ШОФЕРШАЈБНИ

НОВУС e глобален светски бренд познат низ целиот свет како лидер со
иновативна технологијата за поправка на предно ветробранско стакло.

ПРОМЕНА НА ПРЕДНО ВЕТРОБРАНСКО СТАКЛО

Предното ветробранско стакло е направено за ги заштити возачот и патниците од надворешните влијанија, како и за да се подобри аеродинамиката на возилото.

This site was designed with the
.com
website builder. Create your website today.
Start Now