Novus | Boris Trajkovski 4, Skopje, Macedonia (FYROM)

За нас

NOVUS – USA е Американска компанија за поправка на оштетени ветробрански стакла и лидер во светот по патентирани изуми за поправка на предни ветробрански стакла. Формирана е од страна на Д-р Франк Вернер (Dr. Frank Werner) 1972 год кој го патентира својте изум истражувајки  заедно со соработникот хемискиот инжиниер Били Вајл (Bill Wiele) го формираат NOVUS во Минесота – Америка.

 

Новус - Македонија е основан во Скопје 1989 год и е лидер во автомобилскиот сектор, со главен фокус на сервис и поправка на возила, како и продажба и монтажа на дополнителна автомобилска опрема.

 

Новус располага со сопствен сервисен простор со површина од 2.500 м²:

управна зграда; деловен простор за поправка и сервисирање на возила од 1200 м²; (слободен) паркинг простор од 1.300 м².

Во далечната 1989, Новус ги постави своите темели со поправка на оштетени предни ветробрански стакла, користејки оригинална NOVUS-американска технологија, чии претставници сме сеуште; како и замена на стакла на возила, користејки ги лепаците на високо реномираните компании, како што се: DOW и Teroson кои припаѓаат на  конгломератите DOW Automotive and Henkel AG&Co.

Денес, благодарение на нашето долгогодишно искуство, професионалност, посветеност и ефикасност, Новус располага со голем број на верни клиенти и соработници, не само во Македонија, но и во целиот регион и пошироко.

Имаме соработка со водечките светски брендови: Alpine, Pioneer Clarion, Sony, Calearo, Cobra , Valeo за аудио опрема, аларми, паркинг сензори и додатна козметика. За авто стакла соработуваме со лидерите во овој сектор: AGC, GUARDIAN, SECURIT SAINT GOBAIN, NORDGLASS, PILKINGTON. Најквалитетна клима фолија за објекти и возила од ASWF - Америка и  HAVERKAMP - Германија

Новус врши и лимариски поправки и фарбање на возила. Сервисот располага со сопствена  машина за извлекување на оштетени возила од Шведскиот производител CAR-O-TRONIC и AUTOROBOT од Финска, комора за фарбање од Италијанскиот производител Termomeccanica, машина за заварување и пунктирање FAN multi-worker и PROTON Е од Австрија.

Меѓу другото, имаме одличен рејтинг и соработка со сите сигурителни компании во Македонија.

Главните фактори за нашиот досегашен успех се: константа ажурираност со најновите светски трендови; работа само со квалитетни машини, алати и апарати за дијагностика на автомобилите и постојаната инвестиција во нашите вработени со едукативни и практични обуки организирани од производителите со кој соработуваме.

Нашето искуство и професионална услуга која ја даваме на нашите клиенти ја изградија нашата добра репутација, која гарантира успех во работењето.

This site was designed with the
.com
website builder. Create your website today.
Start Now